Новата сезона на Формула 1 ќе започне во март 2019 година, а FIA најави новитети во изгледот на болидите со што би се направиле трките поатрактивни.
Календарот на трките е најавен од порано и познато е дека ќе започне на 17 март со трката во Австралија, а ќе заврши на 1 декември со трката во Абу Даби.
Според првичните информации, промената на болидите ќе се однесува на неколку позиции од возилата. Предниот спојлер ќе биде поширок и подлабок во однос на задниот и со тоа би требало да се намали влијанието на аеродинамичката турбуленција.
Тука се и новите правила што ги донесе FIA, како што е новата позиција на ретровизорите за да се зголеми видливоста; промена на позицијата на камерите за за се зголеми видливоста преку HALO системот; на задниот спојлер ке се постави светло; додавање на мали модификации на самиот HALO систем за подобро влегување и излегување на возачот од кокпитот; возачите ќе можaт да претекнуваат кога е сигурносниот автомобил на патеката дури кога ќе ја поминат стартно-целната линија; тимовите ќе бидат задолжени пред секоја трка да извршат проверка на болидот и да гарантираат за неговата сигурност и исправност; на крајот од трката, освен традиционалното знаме ќе се користи и светлосен панел; и од 2020 година тимскиот карантин ќе се зголеми од 8 на 9 часа.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …