Баварската компанија ELegend објави дека наследниците на електричниот модел EL1 инспириран од Audi Quattro ќе бидат „спортски автомобили од минатото“.
Станува збор за моделите EL2 и EL3, наследниците на моделот EL1, кој ќе го преземе неговиот електричен погон со 800 КС, а чиј дизајн на каросеријата ќе им оддаде почит на класичните ѕвезди на мотоспортот.
„Она што е Audi Sport Quattro за EL1, тоа ќе бидат два легендарни автомобили од минатото за EL2 и EL3“, изјави портпаролот на ELegend за Top Gear.
Со оглед на фактот дека ELegend допрва треба да ја заврши работата на моделот EL1, нема поконкретни информации. Споменатиот EL1 ќе се произведува во 30 примероци, а истото важи и за EL2 и EL3. Перформансите веројатно ќе останат исти, ќе има три мотори и погон на четири тркала. Еден мотор ќе се наоѓа напред, а два назад. Исто така, ќе има батерија од 90 kWh со течно ладење.
Покрај тоа, автомобилите ќе користат менувач со една брзина, како и предни и задни диференцијали со ограничено лизгање и карбонска монокок шасија.
За споредба, EL1 е малку подолг од Fiesta на Ford (4.155 mm), има моќни сопирачки, ESP, прилагодливи амортизери и распределба на тежината 47/53, што изнесува 1.680 kg.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,8 секунди, додека автомобилот достигнува 200 km/h за 8,5 секунди пред да достигне максимална брзина од 300 km/h. Досегот е 427 км.
ELegend разговараше со неколку заинтересирани купувачи за EL1 и се проценува дека сите 30 автомобили ќе бидат продадени многу брзо.