Dodge Challenger е автомобил со американски мускули и мотор со многу сила. Тоа е автомобил и со многу верзии, преработки и доработки. Многу тјунинг куќи се докажувале преку Dodge Challenger.
Една од нив е и Hennessey. Тие го земале Dodge Challenger SRT Hellcat Redeye, го доработиле и од него создале извор на дури 1050 KS.
Стандардниот V8 HEMI мотор со доработките на Hennessey му овозможува додатно малтретирање на задните тркала со добиената снага.
За додатни 35.000 долари од Hennesey ќе добиете доработен Dodge Challenger Hennessey Hellcat Redeye. Стандардниот 6,2 литрен V8 HEMI мотор во комбинација со високооктанско гориво, наместо фабричките 808 ks испорачува дури 1050 ks и вртежен момент од дури 1285 Nm.
Силата е зголемена и заради промената на фабричкиот 2,7 литарски компресор со 4,5 литарски компресор.
Официјални податоци сè уште нема за доработениот Dodge Challenger Hennessey Hellcat Redeye, но според неофицијалните, автомобилот забрзува од 0-100 km/h за 3,4 секунди и постигнува брзина од 327 km/h.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …