Американскиот производител на автомобили Dodge претстави електричен концепт базиран на моделот Charger.
Концептот со високи перформанси се нарекува Dodge Charger Daytona SRT, а беше претставен во Мичиген на Dodge Speed Week. Компанијата вели дека има нов погон наречен Banshee, кој има подобри перформанси од Hemi, Hellcat и Redeye.
Технологијата 800V на Dodge е поврзана со погон на четири тркала, што значи дека Charger Daytona SRT е побрз од Hellcat во „клучните мерки за перформанси“.
Подетални информации за перформансите сè уште не се достапни, но од Dodge велат дека концептот е инспириран од моделот Charger Daytona, кој во 1970 година беше првиот автомобил Nascar со брзина поголема од 200 милји на час.
Концептот содржи и неколку нови технологии кои досега не се видени кај конвенционалните електрични возила, има повеќестепен менувач со електромеханичка промена на степените на пренос, како и копче Powershot кое овозможува силно забрзување.
Опремен е и со специјален „Fratzonic коморен систем“ кој испушта шум од 126dB, што одговара на V8 моторот на Dogde Charger SRT Hellcat со речиси 800 КС. Системот се состои од засилувач и комора за подесување сместени во задниот дел на автомобилот.
Дизајнот на Charger Daytona SRT потсетува на стандардниот Charger, но аеродинамиката е подобрена благодарение на предната хауба и спојлерот. Концептот има јаглеродни усисници и осветлена предна табла, како и логото на Fratzog кое се враќа за прв пат од 1976 година, претставувајќи ја електричната иднина на Dodge.
Во внатрешноста има екран од 12,3 инчи, како и заоблен кластер од 15 инчи. Достапен е head-up дисплеј од 8,3 инчи, а атмосферата ја создава и амбиенталното осветлување.
Логото на Fratzog ги краси и седиштата.
Концептот е брз, но и практичен, бидејќи неговите задни седишта можат да се преклопат, што го дава најголемиот багажен простор досега.