Cybertruck е новото чудо на Тесла и Илон Маск

Илон Маск и Тесла се познати по своите револуционерни и научно-фантастични дизајни на возила.

Најново нешто од “кујната” на Тесла е Cybertruck, а за негова презентација е искористен култниот филм Blade Runner. Како датум за појавување е наведен 21 ноември и тоа во фабриката на SpaceX неделеку од Лос Анџелес.

Како и за model 3 за кој Илон Маск даде ветување дека ќе биде подобар од BMW 3, така и за овој електричен камионет Маск вели и ветува дека ќе биде подобар од познатиот F-150 на Ford, кој е најпопуларниот и најпродаваниот камионет во историјата. Тој не застанува на тоа туку вели дека на пат ќе биде подобар и од Porsche 911.

Во него ќе може да се сместат 6 лица и ќе има радиус на движење од 800 километри.

Цената ќе му биде 50.000 долари.

Претходна Колку трае сексот кај паровите што добиле дете?
Следна Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!