CLA 35 е новиот адут на Mercedes AMG

Додека фановите ги чекаат најјаките А45 и CLA45, од кујната на AMG го презентираат новиот CLA 35, троволуменец со 302 коњски сили.

Моделот на Mercedes CLA 250, повеќе не е најјакиот претставник на CLA класата. Неговите 221 ks ги надмина  CLA 35 со 302 ks со 400 Nm.

За преносот на силата на моторот задолжен е автоматски менувач со 7 степени на пренос од AMG . Од 0-100 km/h забрзува за 4,6 секунди и постигнува најголема брзина од 250 km/h.

CLA 35 стандардно ќе се испорачува со 18 инчни бандажи, а како дополнителна опција ќе бидат бандажи од 19 инчи.

Премиерно CLA 35 ќе биде прикажан на фановите на Саемот за автомобили во Њујорк, на 16 април.

Цената на овој модел ќе се знае во моментот кога ќе почне продажбата која е планирана за средината на оваа година.

Претходна Ова мало дупче во авионските прозорци може да спаси животи
Следна Дебито на новиот Volkswagen Transporter 6.1 на најголемиот светски саем за градежни машини и апарати

Награден напис

Новитети од ŠKODA: OCTAVIA RS и OCTAVIA SCOUT

Спортската и практичната верзија на бестселерот Најсовремена генерација на новите EVO мотори кои нудат и …

Претставено уникатното издание на Aston Martin DBX Bowmore

Aston Martin, во соработка со дестилеријата за виски Bowmore, создаде ексклузивна верзија на СУВ моделот …

Забрането е копирање на текст!