Casio G-Shock GBA900 – новиот најевтин професионален паметен часовник за фитнес

Уште еден одличен паметен часовник доаѓа од популарната јапонска компанија Касио. Тоа е модел од серијата G-Shock, моделот GBA900 кој е всушност комбинација на аналогна и дигитална технологија.

Некои претпочитаат дигитални, некои аналогни, а паметниот часовник Casio G-Shock GBA900 ги има и двете. Ова е полнокрвно средство наменето за оние кои често се во движење, кои сакаат да вежбаат, фитнес, спортуваат. Компанијата може да се пофали дека успеале да создадат разноврсен уред кој е наменет за сè поголем број активни корисници.

Преку безжична врска Bluetooth, вие брзо и лесно ќе ги пренесувате вашите податоци на апликацијата на вашиот паметен телефон (G-SHOCK Move), што можете да го користите на уредите со Android и iOS. Апликацијата брои чекори, мери растојание, потрошени калории и други податоци и има вградено неколку различни сензори за следење на вашите активности. Исто така, има 5 различни режими на аларм, 48 различни времиња во светот, и има двојна LED светло што го осветлува самиот паметен часовник.

Она што е интересно е дека GBA900 изгледа како класичен G-Shock на Casio. Инаку е дебел 16,6 милиметри, има кружен дизајн, така што димензиите на горниот дел се 51,3 х 48,9 милиметри. Аналогниот дел се однесува на класичните стрелки на часовникот во горниот дел, додека во долниот дел има ЛЦД-екран преку кој можете да ги следите претходно споменатите податоци (трчање, поминато растојание, потрошени калории).

Веруваме дека на многумина им се допадна изгледот на новиот фитнес паметен часовник Casio G-Shock GBA900, а можете да го најдете на официјалната веб-страница по многу интересна цена од 130 долари.

Претходна Леклер ја освои пол-позицијата пред утрешната трка во Монако и погоди во ѕид
Следна Алфа Ромео планира да произведе ГТВ

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Илон Маск годинава загуби 100 милијарди долари, но сепак е најбогатиот човек на светот

Нето богатството на Илон Маск според Форбс, падна на околу 195,6 милијарди долари. Нето вредноста …

Забрането е копирање на текст!