MH 2 550 е ознаката зад која стои BMW M2 Competition, автомобил во кој тјунинг компанијата Manhart успеа да вгради додатни 140 ks.
Верувањето дека 410 ks и вртежен момент од 550 Nm се доволни за BMW M2 Competition, од германската тјунинг компанија го оспорија и покажаа дека може и повеќе. Компанијата излезе со црна верзија на BMW M2 Competition полн со подобрувања како на каросериската, така и на агрегатната страна. Создадоа автомобил со додатни 140 ks и зголемен вртежен момент од 800 Nm. Тоа е автомобил со 3 литарски biturbo мотор со 6 цилиндри редно поставени, со вкупно 550 ks и вртежен момент од 800 Nm.
Покрај црната боја со златни детали, промени има и на висината на која е поставено возилото, намалено е за 20 милиметри и со тоа е подобрена и стабилноста.
Податоците што ги даваат од Manhart се оскудни, освен даденото забрзување од 0-100 за 4,5 секунди и максималната брзина од 280 километри на час.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …