Германскиот производител на автомобили БМВ склучи стратешко партнерство со кинескиот технолошки гигант Алибаба.
Партнерството предвидува соработка на брендирање, маркетинг, услуги и информатичка технологија.
Целта на партнерството е да се спроведе стратегија за дигитализација низ деловниот процес на БМВ, која треба да вклучува и дистрибутери, покажува меморандумот за разбирање.
БМВ на тој начин ќе стане првиот производител на автомобили што ќе го користи деловниот оперативен систем на Алибаба (АБОС), а двете компании заеднички ќе ја започнат првата компанија за продажба и сервис преку интернет.
Во иднина, клиентите ќе можат да купуваат возила БМВ и МИНИ преку интернет и да резервираат тест возење, услуги за поправка и одржување, а со поддршка на системот АБОС, германскиот производител и неговите овластени дистрибутери ќе ја забрзаат дигиталната трансформација на мрежата во Кина.