Духовниот наследник на прототипот V12 LMR со кој Баварците „затворија“ најмногу кругови на 24 часа Ле Ман во 1999 година ќе дебитира во јануари на 24 часа Дејтона.
Во одделот за тркачки активности на BMW го тргнаа превезот од прототипот од класата LMDh и ги покажаа официјалните „воени бои“ на автомобилот со кој од следната сезона ќе се натпреварува во друштво на најбрзите во северноамериканскиот шампионат IMSA. што од европска перспектива може да се смета за одлична увертира.бидејќи BMW се враќа на Светскиот шампионат во издржливост (WEC – World Endurance Championship) во 2024 година.
Прототипот кој се крие зад името M Hybrid V8 многумина го сметаат за духовен наследник на прототипот V12 LMR со кој фабричкиот тим на BMW беше најуспешен на легендарната трка 24 часа Ле Ман во 1999 година. Се базира на шасијата зад Dallara и е придвижуван од 4-литарски битурбо V8 мотор (640 КС) потпомогнат со хибридна технологија.
При изборот на боите и дизајнот, BMW не заборави да ги истакне 50-те години од постоењето на својот познат М оддел, а во претстојната сезона на шампионатот IMSA ќе се натпреваруваат со два автомобили кои ќе ги возат Конор Де Филипи, Филип Енг, Аугусто Фарфус, Ник Јелоли и Колтон Херта.
Сепак, вистинските возбудувања започнуваат во 2024 година, бидејќи M Hybrid V8 на BMW се соочува со жестока конкуренција LMDh во FIA WEC, предводена од Porsche и Lamborghini.