Blue Origin во декември ќе испрати шест туристи во вселената

Blue Origin се подготвува да испрати нови туристи во вселената, беше потврдено преку Твитер.

Ова ќе биде првпат ракетата Blue Origin да полета со шест патници, а по овој лет повторно ќе се користи. Екипажот ќе се состои од Лора Шепард Черли, Еван Дик, Дилан Тејлор, Лејн Бас и Камерон Бас.

Ова ќе биде трет вселенски лет на екипажот за Blue Origin. На изминатите две патувања отидоа четворица патници, а на првото патник беше основачот на Blue Origin, Џеф Безос. Екипажот на второто патување се состоеше од актерот Вилијам Шатнер, Глен де Вриј, Крис Бошуизен и Одри Пауерс.

Темпото на лансирање на Blue Origin е импресивно бидејќи ова е трет пат во годината и покрај високите цени. Зголемувањето на бројот на патници од четири на шест ќе резултира со зголемување на добивката, а во наредниот период се очекуваат и поевтини места во системот за вселенски туризам.

Сепак, вселенскиот туризам дефинитивно ќе остане висок луксуз.

Претходна Нови шокантни сознанија за Катар и Светското првенство: Агент на ЦИА ја шпионирал ФИФА
Следна Подвижна куќа за иднината која може да се движи на речиси секој терен

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!