Blitz претстави посуптилен “body kit” за Toyota GR86 и Subaru BRZ

Минатата година, Blitz претстави прилично радикален “body kit” за близнаците Toyota GR86 и Subaru BRZ кој потсети на изгледот на автомобилите во играта NFS Underground, а сега јапонскиот тјунер повторно се посвети на овие спортски автомобили со посуптилен пристап.

За разлика од претходната верзија, новиот “body kit” го задржува предниот браник на GR86, што е главната точка на разлика помеѓу близнаците. Во двата случаи, Блиц додаде поизразен сплитер со црни и детали во боја на телото, а „брадата“ сега е поблиску до земјата.

Автомобилите добија продолжени прагови, додека предните и задните браници останаа исти. Бандажите прикажани на фотографиите не се дел од пакетот, но сопственикот има можност да избере.

Назад има дополнителни спојлери од двете страни на дифузорот, кои може да се добијат во боја на каросеријата или црна. Има и два различни задни спојлери, низок и висок. За крај, на основата на шофершајбната има додаток кој исто така е во бојата на каросеријата и е козметички детал. Што се однесува до завршницата на издувната цевка и сетот на налепници, тоа се опции.

Опремата веќе може да се нарача во Јапонија.

Освен визуелните модификации, Blitz нуди и голем број механички подобрувања за споменатото дуо. Меѓу нив се подобрувања на доводот, ладењето, премапирањето на единицата ECU, подобрувања на издувниот систем, а резултатот е зголемување на моќноста на атмосферскиот 2,4-литарски боксер мотор кој во фабриката развива 232 КС.

Претходна Volvo Trucks започнува сериско производство на електрични камиони
Следна Локхид Мартин и го испорача најмоќниот ласер на американската војска

Награден напис

НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и …

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Забрането е копирање на текст!