Bizzarrini го изгради првиот примерок на моделот 5300 GT Corsa Revival

Првиот примерок на моделот Bizzarrini 5300 GT Corsa Revival, кој беше инспириран од победникот на Ле Ман од 1965 година, ја напушти фабриката и беше доставен до купувачот.

Првиот од само 24 планирани примероци на моделот 5300 GT Corsa Revival е завршен и го доби својот дом, а производството на останатите 23 ќе биде завршено во текот на 2023 година.

Станува збор за автомобил придвижуван од 5,3-литарски V8 мотор кој развива 400 КС и тежи 1.250 килограми. Карбонската шасија не е од времето кога автомобилот првпат се појавил, но моторот е.

„Нашиот тим е неверојатно горд што првиот 5300 GT Corsa Revival ја напушти фабриката и стигна до својот сопственик. Го лансиравме Bizzarrini претходно оваа година како почеток на долгорочна визија, така што првата испорака на клиентите е важен чекор кон реализација на тоа визија. Продолжуваме да ги произведуваме останатите серии и да се надоврзуваме на страста и вредностите на основачите“, рече директорот на компанијата Сајмон Базби.

Претходна Лондонскиот музеј ќе и врати на Нигерија 72 артефакти украдени во 19 век
Следна Hyundai потврди дека конечно го прекинува производството на Veloster

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!