Audi TT ќе биде со 4 врати

Од базата на Ауди во Инглштат излегоа со информација за дизајнерски промени на моделот ТТ. Наместо досегашната верзија со 2 врати, следната верзија што ќе се појави за 2 години ќе се изработува со 4 врати.
За споредба, купе верзијата со 4 врати ќе биде со повеќе простор во внатрешноста, за разлика од верзијата со 2 врати. Претпоставките велат дека меѓуоскиното растојание ќе биде зголемено за 120 милиметри, ширината за 60 милиметри а должината за 290 милиметри.
Новата верзија на ТТ се очекува да има подобрување на MQB платформата и да биде достапен во комбинација на бензиско-хибридна варијанта, но очекувањата одат и до таму дека ќе се понуди и целосно електрична верзија.
Ривалите на новиот ТТ би биле Mercedes CLA и BMW серија 2 Gran Coupe.

 

Претходна Ни Aston Martin не остана имун на SUV трендот
Следна До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!