Aston Martin DB5, кој беше користен за време на снимањето на филмот „No Time To Die“ за британскиот агент Џејмс Бонд, ќе биде продаден на аукција.
Аукцијата ја организира Кристи, а колекционерите и другите потенцијални купувачи имаат одлична можност да поседуваат навистина уникатен предмет. Каросеријата е изработена од карбонски влакна и обоена во класичната боја Silver Birch. Интересно е што автомобилот го придвижува 3,2-литарски директен-шест од BMW M3 (E46).
Во внатрешноста има спортски седишта и појаси, како и заштитен кафез и хидраулична рачна сопирачка. Модифициран е и издувниот систем за автомобилот да звучи колку што е можно слично на моделот Aston Martin DB5.
Инаку, естетиката на автомобилот е речиси беспрекорна. За снимањето на филмот се направени осум реплики, а на продажба е понудена само оваа. Според тоа, се проценува дека новиот купувач ќе одвои околу 2,4 милиони долари.
Аукцијата ќе започне на 15 септември, а ќе заврши на 5 октомври. Собраните средства ќе бидат донирани за помош на 45 хуманитарни организации.