Aston Martin го претстави својот прв мотоцикл

AMB 001 е најновото чудо на Астон Мартин и не е автомобил. AMB 001 е мотоцикл, првиот во историјата на овој бренд.

За да го одработат овој проект Aston Martin се здружи со реинкарнирата компанија за производсто и дизајн на мотоцикли Brough Superior.

И двете компании имаат една работа што ги поврзува. Познати филмски ликови ги користат нивните производи. Aston Martin е посакуван од Џемс Бонд, додека Brough Superior е брендот користен од ликот Лоренс од Арабија.

Производот на две тркала на Aston Martin има мотор од 1 литар, моќ од 180 коњски сили и маса од 180 килограми.

Спецификата на овој мотоцикл е неговиот дизајн кој зрачи со спортски дух. За негово создавање се користени материјали како карбон, кожа, алуминиум и малку титаниум.

Мотоциклот е подготвен за производство и се најавува производсто на само 100 примероци.

Позната е и цената која не е ни малку мала, само, 108.000 евра.

Претходна Со скратување на работната недела до постигнување на поголема продуктивност
Следна Колку трае сексот кај паровите што добиле дете?

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!