Aston Martin го претстави концептот DBR22

Станува збор за концептот DBR22, кој има за цел да ја демонстрира најновата технологија на компанијата Aston Martin и нејзиниот оддел Q by Aston Martin.

Концептот DBR22 е инспириран од тркачкото наследство, поконкретно, им оддава почит на DB3S и DBR1 од 1952 година со кои Керол Шелби и Рој Салвадори победија на 24 часа Ле Ман во 1959 година.

Кога работеле на каросеријата, дизајнерите сакале да го минимизираат бројот на панели за да добијат „мускулест“ изглед. Решетката на ладилникот има нов карбонски дизајн со две вертикални летви од двете страни прекрстени со хоризонтална летва, а овој дизајн е инспириран од гореспоменатите тркачки автомобили.

Сепак, DBR22 не е фокусиран само на минатото, бидејќи при неговото создавање се користени напредни процеси, технологија и материјали, со што се модернизира „тркачката крвна линија“ и се создава ново педигре.

Најсовремената технологија го вклучува и начинот на кој “болидот” го „управува“ воздухот околу себе. Неговите тенки странични држачи за ретровизори до перфорираниот панел под светлата овозможува топлиот воздух да излезе на задниот дел на автомобилот, кој е комбиниран со дифузор за создавање надолна сила.

Исто така, Aston Martin за прв пат употреби 3D печатач за да ги направи деловите што ја сочинуваат задната подрамка. Се користеше алуминиум, што овозможи значително намалување на тежината без негативно влијание врз крутоста.

Концептот е придвижуван од 5,2-литарски твин-турбо V12 мотор кој развива 705 КС и 753 Nm вртежен момент, а е поврзан со осумстепен автоматски менувач. Исто така, има torque-shaping систем за оптимизирање на дистрибуцијата на моќност на патот.

Забрзувањето од 0 до 100 трае помалку од четири секунди, додека максималната брзина е 319 km/h. Aston Martin тврди дека DBR22 е ѕвер на патеката.

Претходна Alfa Romeo подготвува нов спортски автомобил за 2023 година
Следна Леброн Џејмс потпиша рекорден договор со Лејкерси

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!