Archer Aviation најави почеток на производство на летечки такси

Летечкото такси би можело целосно да го револуционизира начинот на патување и превозот на кратки растојанија. Иако ќе биде тешко да се заменат автомобилите, барем во блиска иднина, се чини дека за некои оваа форма на превоз би можела да стане вообичаена за неколку години. Многу компании работат на такви возила, летечки (и не сите се со позитивни резултати) и не е тешко да се претпостави дека, откако ќе станат достапни, ќе бидат резервирани само за оние со подлабок џеб.

Одговорот на прашањето кога би можеле да почнат да нарачуваат летечки такси го дале од Archer Aviation. Тие сакаат да добијат сертификати и дозволи за комерцијална употреба на нивните летала до 2024 година, а производството треба да започне во 2025 година. Компанијата се надева дека во текот на таа година производството на нивните авиони ќе достигне 250 парчиња, а потоа ќе се зголемува секоја година – 500 парчиња во 2026 година, 600 парчиња во 2027 година итн.

Фокусот на Archer Aviation, слично како и повеќето компании кои го насочија својот поглед кон овој пазар, е VTOL технологијата, односно способноста нивните авиони да полетуваат и слетуваат вертикално, како хеликоптер. На таквите летала не би им требале големи писти за полетување или слетување, туку само простор како класичен хелиодром.

Авионот што го развива оваа компанија има електромотори и покрај пилотот има место за уште 4 лица.

Има уште многу предизвици пред ваквите воздушни такси кои треба да се решат пред да станат достапни во првите градови, подобрување на батериите кои треба да имаат поголем досег, за да не мора да се полнат по секој лет, до развој на посебен систем за управување со воздушниот сообраќај.

Претходна Колку брзо треба да одиме за да се смета за кардио?
Следна Креаторот на една од најпопуларните игри откри дека таа му го уништила животот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!