Apple работи на лаптоп со екран што се преклопува

Asus е вистински пионер кога станува збор за лаптопи со екран на преклопување благодарение на линијата Zenbook Fold, но во иднина би требало да се соочи со сериозна конкуренција.

Извештаите кои доаѓаат од Јужна Кореја наведуваат дека Apple работи на развој на лаптоп со екран што се преклопува и дека е во преговори со добавувачите да пласираат MacBook со овој дизајн. Уредот би го „катализирал“ слабиот пазар на дисплеи доколку стане реалност.

Според достапните информации, претставувањето на лаптопот би требало да се случи во 2025 година, додека на пазарот би се појавил една година подоцна. Јужнокорејските производители како Samsung Display и LG Display неодамна инвестираа многу во OLED панели наменети за лаптопи, односно во време кога пазарот на паметни телефони е прилично заситен. Двете компании моментално ги „координираат плановите за развој и производство на преклопливи OLED панели за лаптопи“ додека нивниот пазар расте.

Нарачката на Apple дефинитивно би имала големо влијание на овој сè уште мал пазар. Поголемите екрани треба да бидат попрофитабилни за производителите на панели, но во исто време, потешко е да се постигне поголема густина на пиксели како што екраните стануваат поголеми.

Сепак, преклопливите екрани за лаптопи се попрофитабилни од екраните на преклопување за паметни телефони, така што ова е голема можност за производителите на дисплеи да заработат дополнителни пари во блиска иднина.

Претходна Започнува ново натпреварување во НБА светот
Следна Што е андропауза

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!