Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod.

Уредот е наменет да прави се како паметен телефон, но без досадни повици и СМС пораки кои го „расипуваат“ корисничкото искуство. Исто така, на него може да се складира музика, видео клипови и книги, главната забележлива разлика во однос на стариот модел е што служи и како куќиште за безжични слушалки.

На овој начин, практичната футрола за слушалките AirPods би била претворена во iPod.

Сепак, сè уште не е познато дали уредот навистина ќе се најде на пазарот, бидејќи многу патенти никогаш не „го гледаат светлото на денот“.

Во јули 2017 година, Apple ги предаде iPod Shuffle и Nano во историјата, а беа објавени и два модели на iPod Touch со двојно поголем капацитет.

Сепак, во август 2020 година, се појавија гласини дека Apple соработува со владата на развој на „таен“ iPod. Поранешен софтверски инженер на Apple, кој работеше за компанијата 18 години, ја сподели приказната за тоа како Apple му помогна на американското Министерство за енергетика да го измени iPod од петтата генерација за тајно да снима и складира податоци.

Наводно, приказната потекнува од 2005 година, кога „под нос“ се развиваше „специјалниот iPod“ на поранешниот извршен директор на Apple, Стив Џобс, а за проектот знаеја само четири лица.

Претходна Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта
Следна BMW ја претставува XM Label Red

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!