Alpina ја претстави новата тјунинг гордост B7 со 600 коњски сили

 
Легендарниот германски тјунер на автомобили Alpina ја претстави својата лимузина базирана на BMW 7.
Компанијата својот дизајн го базираше на освежената верзија на серијата 7 од BMW, која под хаубата има 4,4 литарски V8 Biturbo мотор кој од 0-100 km/h достигнува за 3,6 секунди, што претставува една десетинка од секундата побрзо отколку моделот M760Li со V12 мотор.
Подобрениот мотор е спарен со ZF автоматски менувач со 8 степени на пренос, кој е подобрен со специјален софтвер за промена на брзините при големо забрзување.
Во својата верзија од Alpina ги применија своите стандардни трикови кога се работи за надворешниот изглед. Вниманието го привлекуваат тркалата од 20 инчи, со можност за поголеми 21 инчни. На предниот дел е ставен стандардниот знак на Alpina и суптилно поставениот спојлер на задната страна.
Вграден е нов издувен систем од не’рѓосувачки челик со додатни крилца за поагресивен звук во спортскиот мод. Во истиот мод може да се подесува бесењето и автомобилот да се спушти за дополнителни 15 милиметри.
Внатрешноста е опремена со Alpina кожа и табла за инструментите со уникатна графика.
Алпина се враќа на пазарот.


 

Претходна Самсунг во Сан Франциско ќе го претстави својот телефон на свиткување Galaxy Fold
Следна Влијанието на порнографијата врз интимните врски

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!