AI:ME е новиот концепт на градски електричен автомобил од Ауди

I.D. Roomzz не е единствениот електричен автомобил од концернот VAG на Саемот на автомобили во Шангај. Audi се приклучи со свој концепт на градски електричен автомобил со назив AI:ME.

Концептот го прикажува футуристичкиот изглед на моделот А2.

Овој концепт може да се смета за луксузна верзија на моделите I.D. или el-Born на Wolksvagen и Seat и ја користи истата MEB технологија за комплетно електрични возила.

Го придвижува електричен мотор поставен на задните тркала кој испорачува 160 коњски сили, а од Audi велат дека е доволен само дел од силата за возење во градски услови.

Од Audi изјавуваат дека AI:ME е развиен за урбана околина и дека продукциската верзија ќе се движи со брзина од 20-70 km/h на кратки растојанија. Наведено е дека батеријата со моќност од 65 kw/h е идеална за овој модел, но автономијата со таа батерија не е наведена.

Како што може да се очекува од концепт, дизајнот на автомобилот е футуристички.

Претходна Мерцедес со Хамилтон ја освои Големата награда на Кина
Следна Суперјахтата Esquel претставена на саемот во Дубаи

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!