Подгответе го организмот за есента и настинките кои доаѓаат со неа. Направете напиток од 4 состојки кои го зајакнуваат имунитетот и ја прават кожата сјајна. Овој напиток ќе ве освежи наутро, ќе го снабди организмот со доволно вода, ќе ве рехидрира и ќе помогне да се ослободите од токсините. Најдобро е да го подготвите од вечер, за до утрото водата да ги апсорбира мирисите и хранливите состојки од краставицата и од лимонот.
Потребни состојки:
2 литри вода
1 свежа краставица
1 лимон (или 2 лимети)
10 – 12 листови свежо нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот измијте ги добро и исечете ги на кришки. Ставете ги во стаклен сад, додајте ги водата и листовите нане и ставете го садот во фрижидер. Оставете еден до два часа да се измешаат мирисите и пијте по потреба. Секоја вечер (или утро) направете свежа доза од напитокот.
