5G 8K TV е новитетот најавен од Huawei за оваа година

Една од технолошки најнапредните компании Huawei, не престанува да нè изненадува со своите иновации и новитети. За оваа година од компанијата најавија појавување на 5G 8K TV.

Извори кои се запознаени со технолошките планови на компанијата, велат дека сетот ќе содржи 5G модем кој содржините во 8К формат ќе ги стримува без потреба од кабелски модем или фиксна интернет линија и ќе може да служи и како рутер за другите уреди во домот кои ќе се поврзуваат на интернет.

Спарувањето на 5G конекција со 8K екран се гледа како можност за премостување на потешкотиите на стримување на тешките 8K содржини.

Со 8K резолуцијата, 5G конекцијата би можела да обезбеди стриминг и на видеа снимени под агол од 360 степени.

Останува да почекаме и да видиме како ќе се покаже нивното ново технолошко чудо.

Претходна Qatar Sports Investment, сопствениците на PSG сакаат да ја купат Roma
Следна Змија со три очи – ретка мутација пронајдена во Австралија

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!