13 мај, денот кога во 1950 се заживеа Формула 1

13 мај 1950 година е денот кога заживеа натпреварувањето Формула 1. Големата награда на Англија на патеката Силверстоун е првата патека на големиот автомобилски циркус наречен Формула 1. Тоа беше првата трка од вкупно 7 кои се возеа таа година.

На трката настапуваа 22 натпреварувачи, од кои 21 се квалификуваа, 11 успеаја да ја завршат трката, а броевите 7 и 13 не се доделија на ниеден од возачите. На трката не се натпреваруваше ниту еден ферари автомобил, а се натпреваруваа алфа ромео и масерати. За екипата на Алфа Ромео возеа легендите како Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанѓо. За тимот на Масерати возеше возачот од Монако, Луис Чирон.

На квалификациите најбрз беше Фарина, пред Фаџоли, Фанѓо и Парнела.

По 70 извозени кругови победата ја однесе Фарина со време 2:13:23.6 и просечна брзина од 146,378 km/h.

На славниот Фанѓо му се случи малер и поради течење на масло од моторот во 62 круг мораше да се откаже.

Тоа се некои од интересните факти за првата трка на Формула 1 натпреварувањето.

Претходна Можно ли е Самсунг да ја откаже продажбата на својот Galaxy Fold
Следна Жените откриваат зошто всушност стенкаат додека имаат секс

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!