Јадењето на овој продукт го продолжува животот

Грицкањето ореви наместо бисквити или чипс може да ви го продолжи животот, сугерира истражувањето. Имено, само половина шака од овие вкусни јаткасти плодови на ден значително ќе го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, како и други опасни по живот состојби.

Експертите од Универзитетот во Минесота дошле до заклучок дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови тежат помалку и се послаби, па затоа имаат и помал крвен притисок.

Дополнително, немаат таков ризик од блокирање на крвните садови, што доведува до срцев удар, а токму инфарктот е една од најчестите причини за смрт во светот.
Консумацијата на јаткасти плодови е најважна на млада возраст.

„Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои јадат ореви имаат уникатен физички фенотип кој со себе носи и други позитивни ефекти врз здравјето, како што е подобар квалитет на исхрана, а со тоа и поздрав начин на живот“, вели професорката и авторка на споменатото истражување Лин Стивен.

„Резултатите ги вклучуваат и оние кои јаделе јаткасти плодови од мали до средна возраст, бидејќи токму во тие години се создаваат првите основи за појава на ризик од хронични болести како што се срцевите заболувања, дебелината и дијабетесот“, додава Стивен .

Три илјади луѓе учествувале во истражувањето, кое авторите на студијата го следеле 30 години, од нивната младост до 50-тите години. Во тој период се покажа дека оние кои секојдневно консумираат јаткасти плодови имаат помал ризик од зголемување на телесната тежина, висок холестерол, висок крвен притисок и срце или мозочен удар. Сето ова покажува дека вреди да се јаде половина шака ореви неделно и може да ви го спаси животот.

Сите придобивки од оревите

Оревите се богати со влакна, протеини, калциум и здрави растителни масти, вклучувајќи полинезаситени масти и омега масни киселини, кои се борат против таканаречениот лош холестерол. Тие, исто така, помагаат да се намали воспалението во телото, што често може да доведе до затнување на крвните садови, што предизвикува срцев или мозочен удар.

Претходна Каков тип на хамбургер треба да избегнувате
Следна Електричната Г-класа на Mercedes ќе пристигне во 2024 година

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!