Што се случува кога комбинираме кафе со алкохол

Според најновите истражувања спроведени во САД, комбинацијата која многу често се користи, кафе и алкохол, е повеќе штетна отколку корисна.

Кафето многу често го користиме за кревање на притисокот, будење или отрезнување.

Кофеинот е стимуланс кој го буди човечкиот организам, и прави да е посвесен за околината околу него, додека алкохолот го потпомага лачењето на допамин, хормон кој го зголемува расположението. Но алкохолот исто така го стимулира и произведувањето на хемикалијата GABA која делува како седатив, причина поради која луѓето што се под дејство на алкохол се чувствуваат уморно и често паѓаат. Значи кафето и алкохолот имаат спротивно дејство на човечкиот организам.

Кафето ќе ви помогне да се чувствувате помалку поспани кога сте под дејство на алкохол, но во никој случај нема да го истера алкохолот од вашиот организам.

Кофеинот овозможува кога сте под дејство на алкохол да останете подолго будни, а со самото тоа ви овозможува и подолго да пиете и со тоа го зголемувате количеството на алкохол во вашиот организам.

Експертите се со едногласен став дека најдобра варијанта да се отрезните е да оставите алкохолот сам да исчезне од вашето тело. Времето на трезнење е индивидуално за секој човек. Научниците велат дека за да се отрезните од еден алкохолен пијалок потребен е еден час, а за пет алкохолни пијалоци дури пет часа.

Внимателно со алкохолот.

Претходна Најдобрите градови за страсните љубители на кафе
Следна Топ 11 највлијателни автомобили кои ја сменија автомобилската индустрија

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!