Што открива вашиот ракопис за вас

Графологијата може да ја открие нечија состојба на умот, талентите, недостатоците. Со нејзина помош може и да се корегираат некои помали маани на личноста.  Графологијата ги открива психичките особини на личноста врз основа на нејзиниот ракопис, со цел да добие увид во личноста, состојбата на умот, моменталната емоционална состојба како на пр. напнатост, лутина, раздразливост, опуштеност и слично.
Толкувања на различни типови на ракопис:

  • Луѓето кои се насочени кон минатото ја исполнуваат левата страна од листот, додека пак оние кои се насочени кон иднината се концентрираат на десната страна – тие имаат јасни цели и добра визија за својата иднина.
  • Луѓето кои го испишуваат целиот лист заедно со маргините се многу ангажирани со најразлични активности и веројатно се хиперактивни.
  • Лабилните луѓе, оние кои се плашат од другите луѓе и од животот, пишуваат многу тесни букви.
  • Оние кои пишуваат брзо се прилично енергични и динамични, и често пати нетрпеливи. Брзо мислат, делуваат и носат одлуки, брзо се движат и можат да завршат многу работи за кратко време, што неретко може да им донесе и стрес. Оние кои пишуваат полека, полека и мислат, помалку се динамични и имаат помал животен елан.
  • Силен притисок на хартијата е знак за голема животна енергија, но тоа често значи и дека личноста е и под голем притисок и напната. Слабиот притисок на хартијата означува помалку енергија, но и помалку тензија.
  • Речениците напишани на празна хартија (без линии) кои благо се извиваат нагоре се карактеристични за луѓе кои се отворени кон животот и животните искуства – тие и во тешките ситуации го задржуваат оптимизмот и ведриот дух.
  • Кај луѓето кои во интеракцијата се топли и отворени, и кои слободно ги изразуваат емоциите, а понекогаш дозволуваат и да им го поматат разумот, буквите се наведнати кон напред. Кај воздржаните личности, односно кај оние кои ги контролираат емоциите, буквите се искосени кон назад.
  • Рационалните луѓе, кај кои разумот доминира над срцето буквите се исправени и рамни, не се искосени на ниедна страна. Овие луѓе имаат реалистичен поглед на светот.
  • Оние што пишуваат нечитливо и неразбирливо веројатно имаат проблем со изразувањето на сопствените мисли или не сакат да се откријат пред другите.
  • Често се смета дека убавиот ракопис е израз на внатрешна хармонија, но тоа воопшто не мора да биде вистина. Премногу убавиот и уреден ракопис може да означува и многу ригидна и нефлексибилна личност.
Претходна Škoda Kodiaq, Octavia Scout и Superb – најдобри возила со погон на сите тркала
Следна Laura Gutierrez

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!