Црвена ѕвезда со заработка од 19,9 милиони евра

Фудбалерите на Црвена ѕвезда од Белград до сега од натпреварувањето во Лигата на шампионите инкасираше 19,9 милиони евра, со можност за додатно зголемување доколку продолжат со добрата игра.

Со самото пласирање во групната фаза на елитното натпреварување, Црвена ѕвезда по автоматизам доби 15,2 милиони евра, и на тоа да ги додадеме 1,1 милион евра од квалификациите.

Може да се каже дека Црвена ѕвезда со ждрепката ја доби најтешката група, но со упорноста што ја покажаа ги доведе до моменталната позиција, освоени 4 бода од 4 натпревари.

По убедливите порази против ПСГ и Ливерпул, синоќа на англискиот клуб му се реваншираа со победа од 2:0, додека претходно со Наполи играа нерешено.

Четирите освоени бода на црвено-белите им донесе дополнителни 3,6 милиони евра и со тоа дојдоа речиси до бројката од 20 милиони евра. Ако се додаде на тоа и сумата од влезници и реклами, ги надминува и тие 20 милиони.

Можеби Ѕвезда ќе пројде во шеснаесетте најдобри во Европа ако го продолжи трендот на шокирање на своите противници. Сепак некако пореално е третото место и влез во нокаут фазата.

Наполи и Ливерпул моментално имаат по 6 бодови, ПСГ има 5, а Ѕвезда има само 1 поен помалку.

На црвено-белите им остана гостувањето во Наполи, во Белград ги пречекуваат ПСГ, и со тоа ќе се дефинира позицијата што ќе ја имаат.

Претходна Aston Мartin го претстави моделот DBS 59
Следна Harley Davidson го претстави својот прв електричен мотор

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!