Esteban Ocon (FRA) Alpine F1 Team A521. Emilia Romagna Grand Prix, Sunday 18th April 2021. Imola, Italy.

Францускиот Формула 1 тим загуби двајца возачи за 24 часа

Алпине објави дека во 2023 година за нивниот тим ќе вози Оскар Пјастри наместо Фернандо Алонсо, кој изненадувачки ја потврди својата преселба во Астон Мартин. Но, следеше нов шок за францускиот тим во Формула 1 за неполни 24 часа.

Имено, 21-годишниот Австралиец преку социјалните мрежи објави дека следната година нема да вози за Алпине.

“Alpine F1 издаде изјава без моја согласност во која вели дека ќе возам за нив следната година. Ова е неточно бидејќи немам потпишано договор со Alpine за 2023 година. Нема да возам за Alpine следната година”, напиша талентираниот австралиски возач. .
Инаку, Пјастри е производ на возачката академија на Алпине, каде пристигна во 2019 година по освојувањето на титулата во Формула Рено Еврокупот.

Австралиецот беше најдобар возач во Формула 3 следната сезона, за да го освои шампионатот во Формула 2 во 2021 година.
Во францускиот тим, Пјастрија ја доби улогата на втор возач, покрај Французинот Естебан Окон, кој е во тимот од 2020 година и моментално е на осмото место во пласманот на Светскиот шампионат во Формула 1.

Да потсетиме, утринава предводникот на Алпине, Отмар Шафнауер на прес-конференција потврди дека разделбата со Алонсо е поради тоа што не можеле да се договорат за должината на новиот договор.

Претходна Твитер тестира комбинирање фотографии, клипови и GIF во еден твит
Следна Samsung Galaxy S23 Ultra ќе има камера од 200 MP со нов сензор

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!