Фантастичниот Леброн Џејмс сам го сруши Голден Стејт

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа фаворизираниот тим на Голден Стејт Вориорс во арената Crypto.com со резултат 124:116 и воедно ја прекинаа серијата од четири последователни порази.

Лејкерси подобро го отворија натпреварот, но Вориорс успеаја да го свртат резултатот на полувремето и немаше ни трага од изненадување.

Во вториот дел се играше израмнувањето, или кош по кош, а потоа Лејкерси одиграа феноменален последен дел во кој дојдоа до заслужена победа.

Неверојатната партија ја одигра Леброн Џејмс, кој постигна дури 56 поени, а имаше и десет скока. Ја имаше поддршката од Вестбрук кој постигна 20 поени.

Кари очекувано беше најдобар во поразениот тим со 30 поени, додека Пул додаде 23.
Лејкерси се на деветтото место во Западната конференција на НБА со 28 победи и 35 порази, додека Вориорс се на третото место со сооднос 43-21.

Лејкерси во вторник гостуваат кај Сан Антонио Спарс, додека Вориорс истиот ден ќе играат на гости против Денвер Нагетс.

Претходна Се продава болидот Ферари Ф300 управуван од Михаел Шумахер
Следна Samsung Electronics поседува најмногу патенти во светот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!