Тараски Берардо е помоќен BMW i8 во ново руво

BMW i8 е визуелно исклучително привлечен автомобил, но италијанската компанија Тараски има алтернатива.
Тараски ја создаде својата верзија на БМВ и го нарече Берардо. Името е познато по Берардо Тараски, италијански мотоциклист и возач кој правеше свои автомобили во доцните 40-ти години на минатиот век, а исто така учествуваше во Формула 1 во 1950-тите. Зад новата креација стои синот на Берардо.

Новото тело е направено целосно од алуминиум и е рачно изработено. Долг е нешто помалку од пет метри и широк повеќе од два метри. Дизајнот се чини дека е инспириран од спортскиот Giaur Taraschi 750 Sport Champion во 1953 година.

Паметениот plug-in хибриден погон на BMW i е задржан е, но моќноста на 1,5-литарскиот трицилиндричен турбо мотор е зголемена за да се развијат 414 КС во комбинација со електромоторот. Сепак, има и опции за зголемување на моќноста на 464 и 513 КС .

Најмоќната верзија забрзува од 0 до 100 км на час за 3,9 секунди пред да постигне максимална брзина од 280 км на час.

Внатрешноста е тапацирана со кожа и украсена со дрво.

Колку примероци ќе бидат произведени и по која цена ќе се продаваат, сè уште не е познато.

Претходна Момче во Канада пронашло коски на диносаурус кој живеел пред 69 милиони години
Следна PALO! “Al Monte” • Musica Cubana

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!