Спој на Форд Мустанг и Ферари наречен Ferrustang

Американската тјунинг компанија American Legends успеа да направи спој на два тотално различни автомобилски света. Спој помеѓу Форд Мустанг и Ферари, кој го доби називот Ferrustang.

Успеале да вметнат мотор од Ферари во шасија од Форд Мустанг од 1968 година.

Неверојатно, нели?

Моторот кој го вградија му припаѓа на Ферари Ф430. По спецификации, овој 4,3 литрен V8 атмосферски бензинец испорачува 490 ks и 465 Nm. Но и тоа не им било доволно, па вградиле twin turbo за да добијат 700 ks.

Од останатите нестандардни додатоци за Форд Мустанг, може да се спомне и издувот од Ферари Калифорнија, секвенцијален менувач со 6 степени на пренос, намалена е висината на покривот за цели 6 сантиметри.

Вистински неверојатна комбинација на двата коња.

Погледнете го видеото за да видите за што станува збор.

Претходна Норвешка го доби најголемиот подводен ресторан на светот
Следна Еротска масажа и фантазиите

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!