Спиењето на грб e здраво за телото – прочитајте како да ви стане навика

Иако не е првиот избор за повеќето луѓе, оваа положба на спиење крие важни придобивки за убавината и здравјето.

Поради некоја причина, спиењето на грб не доаѓа природно за повеќето луѓе. Само околу 14 проценти од населението се смета дека ја избрале оваа положба за спиење. Можеби тоа е поради времето поминато во матката во положба на фетус, а повеќето од нас продолжуваат да спијат во слично искривена положба и за време на детството и зрелоста.

Иако можеби не е позиција број еден, спиењето на грб има многу здравствени придобивки. Некои од нив вклучуваат превенција од брчки, затоа што во оваа позиција не го притискаме лицето на перницата и не ја „сплескуваме кожата“. Друга бенефиција е рамниот стомак и почисто лице, затоа што спиењето на грбот му олеснува на организмот да се справи со акумулираните течности и да го намали контактот со бактерии и грињи.

Сепак, најзначајна е подобрата положба на ‘рбетот, што ја намалува болката во грбот, односно спиењето на грбот им овозможува на ‘рбетот, вратот и главата да останат во неутрална положба и спречува несакан притисок на овие регии додека одморате.

Се разбира, спиењето на грб е најоптимална позиција сè додека ‘рбетот е во неутрална положба.

„Бидејќи усогласувањето е важно овде, ќе треба да го задржите вратот во неутрална положба, не дозволувајќи му да се наклони на едната или на другата страна“, изјави анестезиологот Калик Чанг за порталот „Бирди“, додавајќи дека клучот за мирен сон е одржување на ‘рбетот во природна позиција.

Ако сакате да научите како да спиете на грб и да ја воведете оваа позиција во рутината на спиењето, треба да имате предвид неколку работи.

Фокусирајте се да легнете правилно
Најважното нешто што треба да се запамети кога вежбате спиење на грб е да се фокусирате на права позиција. Ако навистина ви пречи перницата, може да пробате да спиете без неа. Важно е главата, вратот и ‘рбетот да останат во права линија.

Спијте на квалитетен и цврст душек
Вистинскиот душек е клучен ако сакате да спиете на грб. Ако се обидете да тренирате спиење на грб на мек душек, колковите ќе ви потонат и нема да ви биде пријатно. Иако во почетокот може да изгледа многу удобно, ќе бидете изненадени од тоа колку подобар квалитет на спиење има на поцврст душек. Покрај тоа, лабавите душеци не се добри за ‘рбетот и може да предизвикаат зголемена болка во долниот дел на грбот.

И вистинската перница е важна
Перница со добар квалитет е исто толку важна за да се обезбеди добра поддршка за вратот. Ако спиете на лоша перница, честопати ќе се разбудите со болка во грбот и вратот. За перницата важи истото правило: треба да се избере малку потешка перница за да се спречи паѓање на главата и истегнување на вратот.

Спијте со перница под колената
Дали некогаш сте се разбудиле со болка во долниот дел на грбот откако сте спиеле на грб? Ова не е невообичаено – некои луѓе чувствуваат болка во долниот дел на грбот ако спијат на грб. За да се намали притисокот и стресот на ‘рбетот се препорачува спиење со перница под колената. Ова подобро ќе го поддржи долниот дел на грбот и побрзо ќе се навикнете на новата позиција.

Претходна Управување на автомобил со џојстик е најновиот патент на Ферари
Следна Крим е има хотел со внатрешен дизајн како вселенски брод

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!