Спиењето без облека го подобрува здравјето, но и сексуалниот потенцијал

Пракса е луѓето да спијат во пижами или во долна облека, и малку е познато дека ако спиете без облека со сигурност може позитивно да влијаете на своето здравје, својот сон, но и на зголемување на сексуалниот потенцијал.

Спиењето без облека дефинитивно влијае позитивно, и тоа:Ќе заспиете побрзо. Доколку сакате побрзо да заспиете, потребно е да ја снижите телесната температура, бидејќи така телото сигнализира дека е време за спиење, а еден од начините да го направите тоа е да ја соблечете облеката пред спиење и да легнете во кревет.

Ќе имате поквалитетен сон. Снижувањето на телесната температура, освен побрзо заспивање, ќе ви овозможи и поквалитетен сон.

Се подобрува односот со партнерот. Според истражувањето на Котон од САД, спроведено во Англија на 1000 возрасни испитаници кои биле во брак или во врска, неверојатни 57 % од луѓето што спиеле голи изјавиле дека се потполно задоволни со својата врска.

Ќе ги намалите стресот и анксиозноста. Окситоцинот кој се ослободува при емотивен контакт на партнерите кожа со кожа го намалува нивото на стрес.

Ќе бидете сексуално поактивни. Дефинитивно е докажано дека доколку со партнерот спиете голи во кревет, шансите за секс се големи.

Ќе го подобрите вагиналното здравје. Спиењето без облека го подобрува вагиналното здравје кај жените. Без облеката вагината има шанса да “дише” со што се придонесува за нејзиното општо здравје. Исто така, познато е дека тесната долна облека доведува до потење, а со тоа до потенцијални габични инфекции.

Ќе ја зголемите самодовербата. Спиењето без облека е одличен начин да се навикнете на своето тело. Докажано е дека само еден час во денот без облека по дома доведува до подобрување на перцепцијата за своето тело, а со тоа се зголемува и самодовербата.

Претходна Теренски возила за кои е тешко да се поверува дека постојат
Следна Токио, град од соништата

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!