Совети за “првиот состанок” со родителите на вашата партнерка

Запознавањето на родителите на партнерката претставува сериозен чекор напред во врската. Логично е да ни биде важно што мислат тие за нас и не е чудно ако сакаме да ги импресионираме. Можете да замислите како ве набљудуваат, одмеруваат и проценуваат, па прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат во таа ситуација.

Изглед. Изгледот игра голема улога во првиот впечаток. Тоа не значи дека треба да дојдете облечени како за на свадба, напротив, бидете опуштени, но културни. Најважно е да изгледате уредно и чисто, и да одберете комбинација на облека која убаво ви стои. Одбирањето на вистинската боја, исто така, може да влијае на впечатокот кој ќе го оставите.

Комплименти. Ласкавите зборови им годат на сите, а луѓето автоматски се развеселуваат кога ќе добијат комплимент. Бидете дарежливи со комплиментите и направете пријатна атмосфера, но немојте да се форсирате и да им се умилкувате. Родителите веќе ги имаат видено тие сцени и ќе препознаат ако сте неискрени и извештачени.

Помош. Ако вечерате во домот на партнерката обидете се да бидете корисни без да се наметнувате. Прашајте дали може да помогнете во местењето на масата или во раскревањето. Родителите најверојатно ќе ја одбијат помошта, но ќе го ценат тоа што сте се понудиле.

Однесување. Можеби во вашата трпезарија обожавате да ја сркате супата од првиот сад што ќе ви дојде до рака, но на “првиот состанок” со родителите тоа не е пожелно. Се разбира, не мора да имате манири како да се наоѓате на прием кај кралско семејство, но да го знаете основниот бон тон секако ќе ви биде од корист.

Разговор. Прашајте ги за мислење на некоја тема, или прашајте ги како би постапиле тие да се на ваше место во некоја дилема што ја имате. На овој начин ќе покажете дека нивното мислење ви е важно и дека го цените нивното животно искуство.

Најважно од сè е да не глумите и да бидете опуштени. Не мора премногу да се трудите, бидете тоа што сте. Половина од “освојувањето” на нејзините родители ќе го заврши вашиот однос кон нивното дете, затоа не се оптоварувајте со секоја ситница.

Претходна Alyssa Miller
Следна Може ли јогуртот да ја зголеми машката плодност?

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!