Се собра легендарниот состав на Бразил од 2002 година

Една од најсилните селекции што бразилската репрезентација ја имала во своите редови, онаа од Светското првенство во 2002 година, се собраа во Рио де Жанеиро.

Бразилските фудбалери ја прославија 20-годишнината од освојувањето на светската шампионска титула, која воедно е и последна за овој славен тим.

Во Рио де Жанеиро беше организирана посебна церемонија со бројни гости, а друштво им правеше истиот пехар што групата го подигна во 2002 година на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја.

На свеченоста присуствуваше речиси целиот тим кој ја освои титулата светски првак. Меѓу нив беа Роналдо, Ривалдо, Кафу, Дида, Едилсон, Лусио…
Сите тие носеа дресови со броевите во кои настапија на 30 јуни 2002 година. Поранешните добитници на Златната топка Роналдињо и Кака се издвојуваат меѓу најголемите ѕвезди кои не беа присутни.

За оваа генерација важи за една од најдобрите репрезентации досега, а многумина мислат дека е дури и на самиот врв. Капитенот на оваа екипа од 2002 година Кафу одржа емотивен говор и им се обрати на поранешните соиграчи на настанот.

Многу од овие легендарни фудбалери останаа во спортот, додека некои живеат мирен живот. Така Ривалдо ужива со семејството на Флорида и е далеку од фудбалот.

Од друга страна, Роналдо е сопственик на два клуба (Ваљадолид и Крузеиро), додека Кафу основа хуманитарна организација и им помага на сиромашните во Бразил. Жилберто Силва денес е фудбалски менаџер, а работеше и како технички директор во Панатинаикос, додека Роберто Карлос се испроба во тренерската кариера.

Претходна Отворите конзерва без нож или отворач
Следна Ducati го претстави електричниот мотоцикл MotoE V21L

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!