Сер Алекс Фергусон по девет години се врати во Манчестер Јунајтед

По девет години, Сер Алекс Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед, клубот каде што стана еден од најголемите тренери во историјата.

Славниот Шкот, секако, не се враќа на клупата на 81 година, туку ќе има сосема нова, советничка улога на „Олд Трафорд“.

MANCHESTER, ENGLAND – APRIL 22: Sir Alex Ferguson, manager of Manchester United celebrates victory and winning the Premier League title after the Barclays Premier League match between Manchester United and Aston Villa at Old Trafford on April 22, 2013 in Manchester, England. (Photo by Alex Livesey/Getty Images)

Имено, извршниот претседател на клубот Ричард Арнолд го формирал Стручниот совет, а првиот човек што го поканил во него бил Фергусон.

Заедно со тие двајца, членови на тоа тело се поранешниот директор Дејвид Гил, поранешниот капетан Брајан Робсон и сегашниот директор Џон Муртоу.

Фергусон по пензионирањето пред девет години ја имаше улогата на советник на Управниот одбор, но таа функција беше од симболична природа и сега со право може да се каже дека Фергусон се врати во Јунајтед.

Стручниот совет ќе се грижи за односот на клубот со навивачите и имиџот и ќе се обиде да помогне со совети околу трансферите.

Претходна Како поранешниот возач на Формула 1 стана милијардер и шеф на најголемиот производител на тестенини во светот
Следна Nossa – Mas Que Nada

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!