Себастијан Фетел возеше 100 години стар тркачки автомобил Астон Мартин ТТ1

Германскиот Формула 1 возач Себастијан Фетел го возеше тркачкиот автомобил на Aston Martin стар 100 години.

Фетел е актуелен член на Астон Мартин Ф1 тимот, а доби можност да го вози еден век стариот тркачки болид ТТ1 на патеката Пол Рикар во Франција, каде викендов се одржува Формула 1 трката.

Фетел го возеше TT1 како дел од прославата на 100-годишнината на автомобилот и уживаше во „брз круг“. Овој автомобил е придвижуван од 1,5-литарски мотор кој развива 55 КС, а самото возило тежи само 750 килограми, што значи дека TT1 е за 45 килограми полесен од актуелниот F1 автомобил AMR22 на Aston Martin.

Во времето кога TT1 се користеше за трки, тркачките автомобили имаа две седишта, едно за возачот и едно за механичарот. Задачата на механичарот беше да го одржува притисокот во системот за гориво со помош на рачна пумпа и да ги поправи проблемите што може да се појават за време на трката.

ТТ1 беше многу „попрактичен“ од актуелниот Формула 1 болид, но и побавен со максимална брзина од 137 km/h. Своето деби го имаше на Француското ГП на 16 јули 1922 година, управувано од тогаш младиот гроф Луис Зборовски, откако инвестираше 10.000 фунти во развојот на нов четирицилиндричен мотор од 16 V.
Неуспехот на моторот го принуди Зборовски да се повлече од трката по 19 круга, а победата му припадна на Феличе Назаро возејќи FIAT 804. На подиумот во тоа време беа Пјер де Вискаја и Пјер Марко, возејќи Бугати Т30. Другиот Астон Мартин, ТТ2, го возеше Клајв Галоп, но и тој се повлече поради проблеми со моторот.

Претходна Победничкото Ferrari F300 на Шумахер излегува на аукција
Следна TikTok ја воведе опцијата за вклучување преводи за клиповите

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!