Руски космонаут објави видео од неговата прв авселенска прошетка

Сергеј Куд-Сверчков направи кратко четириминутно видео од својата прва вселенска прошетка кое траеше седум часа. Тој, заедно со командантот на експедицијата 64, Сергеј Рижиков, работеа на редовно сервисирање на модулот Пирс на 18 ноември и им беа потребни шест часа и 47 минути за да ја завршат задачата.

https://youtu.be/yznwj4blYJI

Ова беше првата вселенска прошетка и задача за двајцата астронаути.

Куд-Сверчков го споредил излегувањето од ISS со искачување на планина и работењето во сенка го потсетило на нуркање во пештера, бидејќи ништо не се гледало освен опремата осветлена од неговата светлина. Задачата што ја изврши беше еднаква на обуката што ја помина во комплексот Јуриј Гагарин во Москва.

Астронаутите ја заменија таблетата на модулот Звезда и отстранија одредена опрема од Пирс, која наскоро ќе биде пензионирана и заменета со модулот Наука. Овој нов модул ќе биде лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан. Следната планирана прошетка наречена ЕВА-48 вклучува подготовка за одделување на модулот Пирс и пристигнување на „Наука“.

како потсетување, првата вселенска прошетка ја направи советскиот космонаут Алексиј Леонов во април 1965 година и траеше 12 минути и девет секунди.

Претходна Наградата AUTOBEST за „Best Buy Car of Europe 202 му припадна на новиот SEAT Leon
Следна Пет секс-рекорди

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!