Ракометарите на Работнички ги изненадија дечињата на Инфективната клиника во Скопје

Ракометарите на Работнички своето срце и дух, освен на теренот, го вложуваат и во хумани цели.

Вчера, 03.12.2018, година претставници на екипата на РК Работнички ги посетија дечињата хоспитализирани на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.

Целта на оваа посета беше да им се олесни престојот на дечињата на клиниката, да се орасположат и насмејат. Ракометарите на децата им подарија играчки и мечиња.

Посетата помина во весело расположение, со многу детски насмевки и радосни срца.

Клубот Работнички им се заблагодарува на главната сестра на Инфективна клиника Зорица Љубициќ и на физиотерапевтот Велимир Тричковски, за топлиот пречек.

Претходна Pininfarina PFО ќе има неверојатни 1900 коњски сили
Следна SsangYong го претстави Rexton DKR теренецот спремен за Дакар

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!