Првиот автономен и електричен контејнерски брод на светот

Развојот на првиот светски автономен и електричен контејнерски брод Јара Биркланд е стопиран поради пандемијата „ковид-19“ и нарушувањата во меѓународното снабдување, објави норвешката компанија Јара.

Трупот на Јара Биркланд беше поставен на море во Вард Браила, Романија во февруари 2020 година, а се очекува да пристигне во Вард Бревик во Норвешка во мај, каде ќе биде опремено со разни системи за управување и навигација и ќе помине тестирања пред испорака до Јара.

Бродот требаше да биде испорачан во првиот квартал на 2020 година. Според планот, треба постепено да се придвижи кон целосно автономно управувано до 2022 година. Сепак, со оглед на најновите настани, допрва треба да се одлучи за нов датум за испорака.

Јара и технолошката компанија Консберг го најавија бродот како прв со целосен електричен погон, односно нула емисија на штетни гасови.

Како дел од партнерството, Консберг е надлежен за развој и испорака на сите клучни технологии овозможени од Јара Биркланд, вклучувајќи сензори и интеграција потребни за оддалечени и автономни операции, освен за електричниот погон, системот за управување со батериите и погонот.

Јара Биркланд ќе биде долга 80 метри, ширина 15 метри и ќе може да смести 120 стандардни контејнери од 20 метри (ТЕУ).

Неговата нормална брзина, што е и одлучувачки фактор за формата на трупот на бродот, ќе биде шест јазли, додека вкупната брзина ќе биде 13 јазли.

По испораката бродот се планира да испорачува производи од фабриката Јарс Порсграна до Бревик и Ларвик во Норвешка, помагајќи при тоа да се олесни транспортот од пат кон море а со тоа ќе се намали бучавата и прашината, емисиите на NOx и Co2.

Претходна Новиот HUAWEI Y5p опремен со FullView дисплеј и дизајн во повеќе бои
Следна Истражување спроведено на 500 парови дава информација за должината на сексот кај подолгите врски

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!