Порнографијата не влијае подеднакво на жените и на мажите

Новото истражување покажува дека порнографијата е штетна за сексуалниот живот на мажите, додека за жените не е толку лоша.

Студијата објавена во списанието „Psychological Medicine“ била спроведена во текот на три години и опфатила повеќе од 100.000 учесници.

Истражувачите ја мереле фреквенцијата на употреба на порнографија на учесниците, нивната сексуална способност и сексуалното функционирање.

Поголемата употреба на порнографија меѓу хетеросексуалните мажи ги натера да „почнат да се сомневаат во нивните сексуални перформанси“, покрај тоа што се соочуваат со проблеми во однос на „послаб сексуален нагон, ерекција и биолошко функционирање“. Студијата покажала и дека партнерките на мажите кои повеќе користеле порнографија биле понезадоволни.

Тоа не е случај со жените

„Колку повеќе жените гледаат порнографија, толку е поголемо нивното чувство за сексуална компетентност, толку е помал бројот на сексуални проблеми и нивните машки партнери се позадоволни од одредени аспекти на нивната сексуалност“, велат истражувачите.

Со други зборови, употребата на порнографија кај жените е поврзана со поголема доверба во креветот.

Научниците не ја пропуштија иронијата на овие резултати.

„Нашата студија ја открива иронијата дека порнографијата, инаку индустрија во која доминираат мажи насочени кон публика доминирана од мажи, е поврзана со ерозија на квалитетот на сексуалниот живот на мажите и подобрување на сексуалниот живот на жените“, изјавија меѓу другото.

Претходна „Тркало на Катарина“: Кама Сутра поза за двојно сексуално задоволство
Следна Bugatti го испорача последниот Chiron Super Sport 300+

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!