Поранешниот шампион во Формула 1 е првиот што купи Римац Невера

Поранешниот германски светски шампион во Формула 1, Нико Розберг е првиот кој ја купи Rimac Nevera, најмоќниот електричен автомобил на денешницата, кој го произведува Rimac Automobili.

Еден месец по завршувањето на првиот производствен Rimac Nevera болид #000, болидот #001 беше испорачан на неговиот сопственик – поранешниот светски шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг. Пред автомобилот да биде испратен во неговиот дом во Монако, Розберг пристигна во седиштето на Rimac Group во Хрватска за да ги следи најновите случувања и да го види својот примерок на Nevera во живо.

Производството на Невера е во тек во нов објект на периферијата на Загреб. Голем дел од главните компоненти на автомобилот се дизајнирани, конструирани и произведени во погоните на Римац неколку недели или месеци однапред и инсталирани во последната фаза од производството. Составувањето на возилото трае околу пет недели по автомобил.

За автомобилот бр. 001, Нико избра многу поагресивна спецификација од договорената кога првпат го дизајнираше својот автомобил како спецификација на Batmobile.

Со Stellar Black боја, полирани Vertex тркала и црни шепи на сопирачките, оваа спецификација покажува сосема поинаква личност на Nevera. Внатрешноста е целосно обложена во црна Алкантара, со суптилен потпис „Нико Розберг“ на плочката на потпирачот за рака со ознака на автомобилот 001/150. Првиот примерок на Nevera ќе биде пратен во Кнежеството Монако, домот на Розберг, потврди Rimac Automobili.

„Уште кога првпат ја запознав Мата и го сфатив генијот зад Nevera, знаев дека го сакам првиот автомобил во серијата. За мене, овој автомобил претставува апсолутно сè што можам да посакам. автомобил дизајниран буквално од нула да биде, не само неверојатно брз, или најбрз, туку навистина одличен за возење. Едвај чекам да видам што може да направи“, изјави Нико Розберг.

Нико Розберг, прославениот шампион во Формула 1 и син на исто толку познатиот Кеке Розберг, е познат по својот уникатен поглед на животот. Само пет дена по освојувањето на титулата во Ф1 во 2016 година, тој објави дека се повлекува од Формула 1 за да се фокусира на своето семејство.

Претходна Mercedes-AMG One се подготвува да го собори рекордот на Нирбургринг
Следна Автомобилската индустрија сега ја презема контролата врз набавката на чипови

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!