Поради кралицата Елизабета, УЕФА направи преседан среде натпревар од Лига Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) направи преседан за британската кралица Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст.

Имено, Би-Би-Си ја објави веста за смртта на кралицата на натпреварот на Арсенал во Лига Европа на гостувањето кај швајцарскиот шампион Цирих, а фудбалерите токму во тој момент беа во соблекувалната на полувремето.

Тогаш беше направен преседан, бидејќи УЕФА дозволи едноминутно молчење на средината на натпреварот.

Фудбалерите на двата тима застанаа во центарот на теренот, а на семафорот се појави графика со фотографија од кралицата.
„Во спомен на нејзиното височество кралицата Елизабета 1926 – 2022 година“, стои во описот покрај фотографијата.

Инаку, Арсенал победи со резултат 2:1. „Топчиите“ поведоа со голот на Маркињос во 16. минута, Цирих израмни преку Криезиу во 44. минута, а Нкетиах во 62. минута постигна гол за лондонскиот тим.

Во вториот натпревар од оваа група од Европската лига, ПСВ и Бодо/Глимт одиграа 1:1 во Ајндховен.

Претходна Српските кошаркари продолжија да газат се пред себе
Следна Нова Каледонија – француски колонијален рај

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!