Познати се сите групи за ЕУРО 2020

По синоќешните натпревари од бараж финалето, познато е и како ќе изгледаат сите групи на претстојното ЕУРО 2020.

Групата А (Турција, Италија, Велс, Швајцарија) и Б (Данска, Финска, Белгија, Русија) беа познати порано, а синоќа ги добивме последните учесници од преостанатите четири групи.

Македонија, која ќе дебитира на шампионатот, замина во групата Ц со селекциите на Холандија, Украина и Австрија.

Во групата Д сè беше подготвено за спектакуларниот судир меѓу Хрватска и Србија, но тоа нема да се случи, но нема да биде помалку интересно и на дуелот помеѓу Англија и Шкотска. Заедно со овие две селекции, во групата се и Хрватска и Чешка.

Групата Е го зазеде Словачка, која ќе ги одмери силите со Шпанија, Шведска и Полска.

Во последната група Ф, односно „групата на смртта“, заедно со Португалија, Франција и Германија, влезе Унгарија.

Да потсетиме, Евро 2020 требаше да се игра минатото лето во 12 градови (Билбао, Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург), но беше продолжен за следната година поради коронавирусот.

Ако сè се одвива според планот, ЕУРО 2020 ќе започне на 11 јуни 2021 година и ќе трае до 11 јули.

Претходна Како да се подготвите за тренинг на отворено во текот на зимата
Следна Поради американските санкции Huawei го продаде Honor

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!