Од скелет на праисториски гуштер до робот што се движи

Група научници од универзитети од Европа успеаја да “оживеат” праисториски гуштер кој живеел пред околу 290 милиони години, со помош на роботски модел кој може да оди баш како праисториското животно.
Добиениот модел е резултат на истражувањето на мултидисциплинарен тим кој го предводел John Nyakatura од универзитетот Хамболт во Берлин.
Задачата била да се обвитка скелетот кој бил пронајден и во целост зачуван. Со скенирање на скелетот успеале да добијат 3D модел кој може да се движи.
Но тоа не било доволно за во целост да може да се добие слика за точниот начин на движење на животното. Непознати биле количината на ‘рскавица меѓу коските, начинот и аголот колку може да се свитка ‘рбетот. Научниците се обиделе да го одредат растојанието помеѓу секој зглоб и со помош на траговите од стапалките пронајдени на локацијата каде што е откриен скелетот. Го натерале роботот да оди според параметрите од растојанието помеѓу избраздените откриени стапалки. За да се добие поголема прецизност, научниците го вклучиле и начинот на кој се движат современите игуана и кајман и со тоа успеале да востановат клучни параметри за движењето: сила, рамнотежа и прецизност. Овие параметри значително ги намалиле опциите според кои можеби се движело животното. Сепак, компјутерот во овој дел не ги земал предвид гравитацијата и некои други физички фактори.
Затоа истражувачите отишле чекор понатаму и креирале подвижен симулациски модел наречен OroBot на кој ги тестирале сите свои тези. Според добиените резултати, се верува дека праисторискиот гуштер можел да оди и подалеку од вода, подалеку отколку што на почетокот се сметало.
Со оглед на ограничената количина податоци што иницијално ги имале, роботот е прилично прецизен.
Со ова може да се добие некаков увид за тоа како и колку брзо се движеле праисториските животни.

Претходна Jaguar F-Pace доработен од Lister достигнува 322 km/h
Следна Играта Fortnite минатата година ја заврши со заработка од 2,4 милијарди долари

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!