Овој минијатурен Rolls-Royce Cullinan е поскап од голем број на вистински автомобили

Ролс-Ројс направи минијатурен и неверојатно детален модел кој всушност е поскап од некои вистински автомобили.

Моделот се состои од 1.000 совршено рекреирани минијатурни компоненти, а потребни се дури 450 часа за да се соберат со рака.

Овој модел чини околу 30 000 фунти, а за тие пари е можно да се купи вистински автомобил од понудата на поевтини брендови.

Оние сопственици на Ролс-Ројс кои трошат малку повеќе пари, можат да добијат минијатурен модел насликан во иста боја како и нивниот автомобил, а понудена е и палета од 40.000 бои. Исто така, ентериерот може да биде идентичен со вистински автомобил, вклучувајќи конец и дрво.

Се разбира, сите врати на моделот можат да се отворат, а под хаубата е мотор V12. Може да се вклучат и исклучат светлата со далечинскиот управувач.

Моделот се доставува до клиентите во транспарентно еднометарско куќиште на Perspex.

Претходна Отава Ё – Про Ивана Groove (русское готическое R’N’B) – Otava Yo
Следна Играта што ја играат дневно 30 милиони луѓе, Microsoft Solitaire прослави 30 години

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!