Нов чипсет и нови сензори на камерите за Huawei Mate X

Последната информација која доаѓа од компанијата Huawei е дека моделот Mate X кој го најавија во февруари оваа година, официјално ќе биде претставен во ноември. Причина за одложувањето е тоа што сè уште се работи на дизајнот и на преклопот, за да се добие што е можно поцврст апарат.

Изненадување е тоа што овој модел на мобилен телефон ќе има и најнов хардвер. Имено, Huawei Mate X доаѓа со новиот Kirin 990 чипсет, кој сè уште не е службено претставен, а го има и во моделите Mate 30 и Mate 30 Pro.

Освен новиот чипсет, на овој уред му се ставени и подобри камери. Претходно, Mate X имаше камери слични на моделот Mate 20, но сега сензорите на камерите се слични како на новиот P30 модел. Наместо стандардниот RGB модел, користат RYYB филтер за бои кој пропушта 40 % повеќе светлина, така што се прават добри фотографии во лошо осветлување, па дури и во мрак.

Се очекува батеријата на овој апарат да биде Li-Po 4500 mAh и да има супербрзо полнење, кое ќе наполни 80 % од батеријата за 30 минути.

Претходна Како успешно да го замените трчањето со одење
Следна Важна ли е величината на телевизорот?

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!