Најскапото мало место во САД

Во САД има многу градови кои имаат многу скапи имоти, куќи и згради за живеење. Тука може да се набројат Њуjорк, Лос Анџелес, Сан Франциско.
Атертон е мало место во близина на Сан Франциско и специфично за него е тоа што е најскапото мало место во САД. Во него имаат куќи поголемиот дел од менаџерите што со технолошкиот бум во центарот на информатичката технологија Пало Алто заработиле многу пари. Просечен дом во Атертон чини 6 милиони долари.
Жител на Атертон со години била топ менаџерката на Фејсбук Шерил Сендберг сè додека не ја продала куќата за 9,25 милиони долари. Во таа куќа се организирале вечери за собирање на средства за кампањата на Барак Обама за претседател, а чинија на вечерата чинела 38.000 долари.

Во Атертон е и некогашната шефица на Хјулит Пакард, Мег Витман, која исто така имала намера да ја продаде куќата, но од причини познати само на неа се предомислила и сè уште живее таму.

Ерих Шмит, извршен директор на Гугл во периодот од 2001-2015 година и 115-тиот најбогат човек во светот, исто така е жител на малиот Атертон.

Имотите на сите жители на Атертон се преубави и во исто време меѓу најскапите во САД.

Претходна Детокс вода за јакнење на имунитетот
Следна Светски ден на мажите

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!